• сабота, 23 ноември 2024

Грчки дипломатски извори: Билатералната, прекуграничната и регионалната соработка во фокусот на средбата Муцунски-Герапетритис (ДПЛ)

Грчки дипломатски извори: Билатералната, прекуграничната и регионалната соработка во фокусот на средбата Муцунски-Герапетритис (ДПЛ)

Атина, 23 септември 2024 (МИА) – Прашањата за билатералната, прекуграничната и регионалната соработка, европската перспектива на нашата земја, како и потребата да се почитуваат меѓународното право и меѓународните договори, како што е Договорот од Преспа, биле темите за кои разговарале министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција, Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис, според грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Прашањата за билатералната, прекуграничната и регионалната соработка, европската перспектива на нашата земја, како и потребата да се почитуваат меѓународното право и меѓународните договори, к

За време на разговорите, според истите информации, шефот на грчката дипломатија истакнал дека успешниот тек на европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, зависат од исполнувањето на обврските што произлегуваат од европското законодавство и меѓународното право, меѓу кои и посветеноста на меѓународните договори, како што е Договорот од Преспа и преку одржувањето на добрососедските односи.

Ова беше прва средба на двајцата шефови на дипломатиите, а се одржа во канцелариите на Постојаната мисија на Грција во ОН, на маргините на Генералното собрание на ОН.

Во изјава за новинарите што се во Њујорк, министерот за надворешни работи на Грција се осврна на неговите активности во текот на денешниот ден со акцентот ставен на ЕУ перспективата на регионот, со оглед на тоа дека учествуваше и на неформалниот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ и уште еднаш ја повтори грчката поддршка за европската интеграција на земјите од регионот.

-Се обидуваме да најдеме начини за да постои моментум за проширување, особено поради фактот што Европа се наоѓа на крстопат на огромни предизвици. Предизвици што се однесуваат на одбраната, развојот, конкурентската позиција на Европската унија во светот. Поради тоа Европа треба да остане силна, обединета, проширена. За време на моето присуство на состанокот на пријателите на Западен Балкан, но и потоа, каде што имав можност да се сретнам со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, имав можност да ја истакнам потребата оваа европска перспектива да останете цврсто активна. Се разбира, со апсолутно почитување на европското законодавство и меѓународното право, особено меѓународните договори, рече Герапетритис.

Додаде дека е јасно дека европската перспектива „поминува преку почитување на меѓународното право, за Европа да остане столб на стабилност на меѓународната сцена“, но и за да остане активна меѓународната безбедносна стратегија, како што рече, „не треба да има селективна примена на меѓународните договори“. ср/нд/

Фото: МИА/ Икс-Министерство за надворешни работи на Грција

Остани поврзан