• сабота, 27 јули 2024

Германскиот министер за одбрана презентира план за зајакнување на армијата

Германскиот министер за одбрана презентира план за зајакнување на армијата

Берлин, 9 ноември 2023 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека реформите во воената бирократија на земјата ќе бидат забрзани како дел од тековните промени кои имаат за цел да ги направат силите поспособни да ја бранат Германија и нејзините сојузници, јави ДПА.

„Бавните програми за купување опрема треба да се забрзаат“, рече Писториус на претставувањето на новите германски насоки за одбрана во Берлин.

„Ние мора да бидеме столбот на одвраќањето и колективната одбрана во Европа. Нашето население, како и нашите партнери во Европа, Северна Америка и светот, очекуваат да ја исполниме оваа одговорност“, напишаа во документот во кој се наведени промените, Писториус и Карстен Брејер, генерален инспектор на германските вооружени сили.

Извештајот ја идентификува Русија како главна долгорочна закана за мирот и безбедноста со која се соочува Германија и нејзините европски сојузници, иако случувањата во Африка и на Блискиот Исток „исто така може да претставуваат безбедносен ризик и се од стратешко воено значење“.

Германската влада последен пат претстави сет на насоки за одбранбената политика во 2011 година. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан