• среда, 25 декември 2024

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Виентијан, 27 јули 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на САД и Кина, Ентони Блинкен и Ванг Ји денеска одржаа ретка средба во Лаос поради тензиите во Јужното Кинеско Море и приближувањето на Пекинг и Москва.

Блинкен утринава пристигна во Лаос и ја започна новата турнеја низ Азија за време на која треба да го потврди американското лидерство наспроти зголеменото влијание на Кина.

Приоритет на неговата турнеја е промоција на „слободен, отворен и просперитетен индо-пацифички регион“, термин што се користи во САД за да се означи азиско-пацифичката зона ослободена од влијание, прикриен начин за критикување на Кина и нејзините економски, територијални и стратешки амбиции во регионот.

Непосредно пред почетокот на средбата со Ванг Ји, Блинкен ги осуди „незаконските дејствија“ на Пекинг во Јужното Кинеско Море, за време на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Ова е 18-та турнеја на Блинкен низ Азија откако ја презеде функцијата пред повеќе од три години. За време на турнејата, покрај Лаос, Блинкен ќе ги посети и Виетнам, Јапонија, Филипините, Сингапур и Монголија. паг/

Фото: МИА архива


 

Остани поврзан