• среда, 25 декември 2024

Во близина на брегот на Манила, истекува мазут од потонат танкер

Во близина на брегот на Манила, истекува мазут од потонат танкер

Манила, 27 јули 2024 (МИА) - Дел од товарот од 1,4 милиони литри индустриски мазут што го превезуваше потонатиот танкер почна да истекува во заливот Манила, соопшти денеска филипинската крајбрежна стража.

Нуркачите кои го прегледале трупот на бродот забележале „минимално истекување“ на вентилите, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека ситуацијата засега „не е алармантна“.

Крајбрежната стража претходно наведе дека ќе се обиде да избегне „еколошка катастрофа“ со што побрзо преземање на мазутот што го превезуваше танкерот потонат на длабочина од околу 34 метри и недалеку од брегот на Манила.

Според властите, преземањето на мазутот од бродот би можело да трае седум дена.

Танкерот „MT Тера Нова“ под филипинско знаме потона во четвртокот наутро поради невреме. Еден член од екипажот на бродот загина. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан