• сабота, 23 ноември 2024

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж

Марсеј, 27 јули 2024 (МИА) - Железничката станица Сен Шарл во Марсеј денеска пред 9 часот е евакуирана поради оставен багаж.

Железничкиот сообраќај е во прекин и се очекуваат доцнења, јави БФМ ТВ.

Француските медиуми претходно објавија дека железничкиот сообраќај во земјата се уште е во прекин по вчерашниот „добро подготвен и масовен напад на железничката мрежа“, за кој се уште никој не презеде одговорност, а истрагата продолжува. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан