• петок, 08 ноември 2024

Германец се претставил како директор на банка, му префрлиле 180.000 евра

Германец се претставил како директор на банка, му префрлиле 180.000 евра

Лос Анџелес, 6 февруари 2024 (МИА) - Сѐ уште непознат измамник успеал да ги убеди вработените во банка во јужногерманскиот град Швандорф да му префрлат пари така што им се јавил на телефон и се претставил како директор на таа институција. Така, деновиве се случил брз трансфер на преку 180.000 евра на странски сметки.

Банката ги исплатила парите пред нивниот сметководител да го забележи невообичаениот пренос на пари и да го прекине натамошното префрлање средства. Одговорниот вработен се јавил во банката најбргу што можел, па полицијата го презела случајот. Истрагата за измамата е во тек.

Банката успеала да врати дел од парите. Според сегашната состојба, претрпената штета е петцифрена сума, соопшти полицијата, што значи дека таа веројатно е помала од 100.000 евра. 

Надлежните во банката додадоа дека за телефонски платни налози, повикувачот мора да биде проверен за автентификација „врз основа на неколку строги критериуми“. Тие се дефинирани на таков начин што „само сопственикот на сметката може правилно да ги репродуцира во целост“. Во овој случај, сепак, јавувачот бил добро информиран за тие подробности, се наведува во соопштението.

Со цел поголема безбедност во платежните трансакции, банката соопшти ќе се воведе нов начин на проверка на телефонската автентикација преку апликација за мобилен телефон. си/мс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан