• среда, 25 декември 2024

Роскосмос постави 53 сателити во Земјината Орбита

Роскосмос постави 53 сателити во Земјината Орбита

Москва, 8 ноември 2024 (МИА) - Русија оваа недела лансираше вкупно 53 мали сателити, од коишто најмногу од домашно производство, но и меѓународни сателити. Руската вселенска агенција Роскосмос истакна дека 51 домашен сателит лансиран со една ракета е нов национален руски рекорд.

Ракетата „Сојуз-2“ со горен дел „Фрегат“ полета од Вселенското пристаниште „Восточни“. Во Земјината Орбита се однесени 49 руски сателити, еден руско-кинески, руско-зимбабвеански, и два мали ирански сателити, потврди Роскосмос.

Сепак, други ракети носеле поголем товар во Орбитата, а рекордер е „Спејс-Икс“ со вкупно 143 сателити лансирани со помош на една „Фалкон 9“ ракета во јануари 2021 година.

Ова беше 13-то руско лансирање годинава. Иако Русија беше најактивната земја во сферата на вселенски лансирање пред 10 години, тоа темпо опадна. Благодарение на ракетата „Фалкон 9“, САД го зголемија своето темпо, а и Кина прави нешто слично со своите вселенски активности. Така, Русија падна на третото место на светско ниво.  си/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан