• сабота, 23 ноември 2024

ЕУ избра три градови - носители на титулата Европска престолнина на културата за 2025 година

ЕУ избра три градови - носители на титулата Европска престолнина на културата за 2025 година

Брисел, 8 ноември 2024 (МИА) - Секоја година Европската Унија избира градови кои ќе ја носат престижната титула Европска престолнина на културата. Овој статус им овозможува да го покажат своето културно наследство и богатство на светската сцена.

За 2025 година, наградата беше доделена на помалку познати, но исклучително интересни дестинации, и тоа Кемниц, Германија, како и Нова Горица во Словенија и Гориција во Италија, чии културни иницијативи ќе ја одразуваат заедничката историја, но и силата на европската интеграција.

Сместен во германската сојузна покраина Саксонија, градот Кемниц е познат по својата богата индустриска историја и важната улога за време на Индустриската револуција. Поради ова, често го нарекуваат и „Манчестер од Саксонија“, но минатото на овој град не било воопшто едноставно... Денес, покрај историските споменици како градби во „арт нуво стил“, во градот може да се видат и монументални социјалистички споменици, меѓу коишто се издвојува оној посветен на Карл Маркс.

За разлика од Кемниц, којшто носи тешко индустриско и политичко наследство, Нова Горица и Гориција претставуваат единствен културен мост меѓу две различни традиции и јазици. Сместени на границата на Словенија и Италија, овие два града споделуваат многу повеќе од заедничката географска положба.

За време на Студената војна, границата меѓу нив била и „железна“ во одредени мигови, а денес, тоа се градови кои ја симболизираат силата на европската интеграција и соработка.

Европските престолнини на културата во 2025 година совршено ја претставуваат различноста на европската културна сцена. Секој од нив носи специфични предизвици и богати традиции, а преку оваа престижна титула, градовите имаат можност да го претстават не само своето минато, туку и својата иднина.  си/

Фото: Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан