• среда, 02 октомври 2024

Вучиќ–Сиљановска Давкова: Србија и Северна Македонија можат да понудат многу во лозарството и туризмот

Вучиќ–Сиљановска Давкова: Србија и Северна Македонија можат да понудат многу во лозарството и туризмот

Белград, 2 август 2024 (МИА)- За време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Србија, таа со домаќинот претседателот Александар Вучиќ ја посети Винаријата Алексиќ во Врање, каде водеше разговари за заедничките можности во лозарството и туризмот,  јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот Вучиќ на неговиот Инсаграм профил напиша дека „со нескриена гордост на претседателката Сиљановска давкова и ги претставил одличните вина што Србија може да ги понуди. Ручекот во автентичната атмосфера на винаријата Алексиќ, оцени тој, беше можност за неформални разговори и дегустација на врвни вина од оваа визба. 

-Со драгиот гостин и домаќините разговарав за заедничките можности во лозарството и туризмот. Убеден сум дека Србија и Северна Македонија можат да понудат многу за секого во тие области, потенцираше меѓу другото Вучиќ на неговиот Инстаграм профил. об/вг/

Фото: Инстраграм на Александар Вучиќ

Остани поврзан