Вучиќ-Лукашенко: Не треба да се губат старите пријатели, треба да се задржат односите со Русија и Белорусија
- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Баку се сретна со претседателот на Република Белорусија, Александар Лукашенко, пред официјалното отворање на Самитот за климатски промени COP29, јави дописникот на МИА од Белград.
Белград, 12 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Баку се сретна со претседателот на Република Белорусија, Александар Лукашенко, пред официјалното отворање на Самитот за климатски промени COP29, јави дописникот на МИА од Белград.
На средбата Лукашенко кажа дека „Белорусија мора да ги интензивира односите со Србија, без оглед на сите постоечки тешкотии“.
-Поминаа 30 години од воспоставувањето дипломатски односи. Многу тоа е направено, но се случија сериозни промени и кај нас и во Србија. Сите можеме да го видиме тоа. Сепак, животот продолжува. Мислам дека треба да ги интензивираме нашите односи. Лошо е што немаме такви интензивни односи, без разлика на сите тешкотии, кои секако постојат, рече шефот на белоруската држава, пренесува агенцијата Белта.
„Со цел да се конкретизира планот за понатамошно дејствување на највисоко ниво“ Лукашенко предложи белорускиот премиер да ја посети Србија, а генерално, според него, можна е размена на посети и на владино ниво.
-Постојат многу области на соработка. Ја разбирам Србија и често сум говорел дека им е тешко, дека се практично опкружени и изолирани. Од тоа треба да тргнеме и да ја градиме нашата политика. Но, не треба да се губат старите пријатели. Треба да се задржат односите со Русија и Белорусија. Тие се вистински пријатели, големи пријатели и во таа насока, верувам, дека Србија ќе даде се од себе, порача белорускиот лидер на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.об/