• петок, 27 декември 2024

Во текот на една недела санционирани 104 непрописно паркирани возила на тероторија на Општина Центар 

Во текот на една недела санционирани 104 непрописно паркирани возила на тероторија на Општина Центар 

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот од 16-ти до 22 септември 2024 со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар, како што велат оттаму, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. сст/са/

фото ЈП ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан