Во Скадар средба на началниците на генералштабовите на армиите на Албанија и Хрватска и командантот на вооружените сили на Косово
- Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Албанија, Арбен Кинѓи, во објава на „Фејсбук“ нагласи дека фокусот на состанокот е продлабочување на воената соработка преку конкретни планови.
Тирана, 11 февруари 2026 (МИА) - Во северниот албански град Скадар денеска се одржува состанок на началниците на генералштабовите на вооружените сили на Албанија и Хрватска и командантот на Косовски безбедносни сили.
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Албанија, Арбен Кинѓи, во објава на „Фејсбук“ нагласи дека фокусот на состанокот е продлабочување на воената соработка преку конкретни планови.
„Целта на состанокот е зајакнување на воениот ангажман и на координацијата во согласност со договорот за соработка во областа на одбраната меѓу Албанија, Хрватска и Косово“, стои во објавата.
Состанокот на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување на трите земји се одржа во Загреб на 30 јануари.
Албанија, Хрватска и Косово потпишаа меморандум за соработка во областа на одбраната и безбедноста на 18 март 2025 година во Тирана. вт/сд/
Фото: Кинѓи Фејсбук