Во Русија се судрија два авиони
- Авионот АТР-72, кој бил на одржување за време на несреќата и имал вклучени мотори, почнал да се движи по аеродромот од засега непознати причини, што предизвикало судар со авион Јак-40.
Москва, 2 април 2021 (МИА) – На аеродромот во Сугурт, Русија, денеска се судрија два авиони.
Авионот АТР-72, кој бил на одржување за време на несреќата и имал вклучени мотори, почнал да се движи по аеродромот од засега непознати причини, што предизвикало судар со авион Јак-40.
Локалните медиуми јавија дека двата авиони претрпеле механичко оштетување, но дека во моментот на судирот на нив немало патници или членови на екипажот, поради што нема повредени луѓе. јт/
https://www.youtube.com/watch?v=e87BQ9z5u78