• сабота, 09 ноември 2024

Во Националната уметничка галерија во Русе изложба на македонски и бугарски ликовни уметници

Во Националната уметничка галерија во Русе изложба на македонски и бугарски ликовни уметници
Куманово, 19 октомври 2022 (МИА) - Во Националната уметничка галерија во Русе, Република Бугарија вчера беше отворена изложба на македонски и бугарски ликовни уметници. На изложбата учествуваат по десетмина уметници од Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Изложбата „Без дистанца“ е проект поддржан од Министерствата на двете држави и културниот Центар од Софија на РСМ. Изложбата има за цел да ги претстави авторите на двете земји, да придонесе за рамена на искуства и зближување на уметниците.
-Преку културната соработка заедно можеме да воспоставиме врски кои секако ќе бидат значајни за унапредување на односите помеѓу двете држави. Преку културата и уметноста зборуваме на универзален јазик кој сите подеднакво го разбираме. Изложбата ќе биде отворена и во Центар за култура Куманово на 18 ноември оваа година кога во возвратна посета ќе дојдат ликовните уметници од Бугарија, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, Сашо Тодоровски.
Од Куманово на изложбата учествуваа Зоран Арсовски, Марија Величковска и Симона Јакимовска. Вчера се одржа и музички перформанс, а за денеска е предвидена и мала форма на актерска претстава по повод изложбата од актерите од театарот од Русе. ам/ев/

Остани поврзан