• среда, 25 декември 2024

Форум за екотуризам преку регионални практики

Форум за екотуризам преку регионални практики

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Здружението на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност „Еко партнерс“ денеска во Скопје ќе организира 5. Форум за екотуризам преку регионални практики. 

Како што најавува, на форумот ќе учествуваат експерти во областа на екотуризмот и руралниот туризам од земјава и од регионот, кои во изминатите години придонеле за негово регионално етаблирање и развој. 

-Туризмот претставува моќна економска гранка која може значително да придонесе во стабилизирање и раст на македонската економија во следната декада. Екотуризмот како посебна туристичка форма може да го стабилизира еколошкото еродирање во Македонија, да помогне во подигање на еколошката свест, изградувајќи генерации оспособени да создадат локален економски развој, соопшти организаторот на форумот. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан