В.Д. амбасадорката, Стојмировска на средба со Мукоска, новата лекторка по македонски јазик при Универзитетот во Тирана
- Стојмировска иницирала да се организираат и онлајн часови по македонски јазик, кои би ги следеле сите заинтересирани, но и припадниците на македонското национално малцинство, сè со цел популаризација на Лекторатот и привлекување нови слушатели.
Дебар, 4 март 2026 (МИА) - Во просториите на македонската амбасада во Тирана, вршителката на должност амбасадор Радмила Стојмировска, оствари средба со Верица Мукоска, новата лекторка по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана.
-За време на средбата разговаравме за најзината програма и цели за време на тригодишниот мандат во Тирана, како и за соработката со Амбасадата и КИЦ во Тирана, информираа од Амбасадата.
Стојмировска, ја истакна потребата за континуитет на активностите за изучување на македонскиот јазик во Албанија и предложи заедничко организирање настани за значајните претстојни датуми, 5 Мај - Денот на македонскиот јазик и 24 Мај - Денот на словенските просветители Св.Кирил и Методиј, во вид на предавања и поетски вечери.
Стојмировска иницирала да се организираат и онлајн часови по македонски јазик, кои би ги следеле сите заинтересирани, но и припадниците на македонското национално малцинство, сè со цел популаризација на Лекторатот и привлекување нови слушатели.
По десетина години пауза, во средината на јануари 2024 година отворен беше Лекторат по македонски јазик во Тирана, што е единаесеттиот лекторат по македонистика во светот.
Активностите за обновување на Лекторатот по македонски јазик почнаа по барањето што до Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана го достави Македонското друштво "Илинден"-Тирана и добиениот позитивен одговор, чин кој претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај го оцени како "историски ден за Македонците во Република Албанија".
Лекторати по македонски јазик има во неколку универзитетски центри во светот. Освен во Албанија, лекторати има во Полска, Романија, Кина, Русија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска, како и во други земји. вт/вг/
Фото: Македонска амбасада-Тирана