• вторник, 26 ноември 2024

Во Кочани почнуваат теренски активности за прибирање податоци за адреси

Во Кочани почнуваат теренски активности за прибирање податоци за адреси
Кочани, 27 јануари 2020 (МИА) –Во Кочани од утре до 2 март ќе се одвиваат теренските активности за прибирање податоци за адреси на домаќинствата, односно за имињата на улиците и куќни броеви на семејните објекти. Активностите ќе ги спроведува Агенцијата за катастар на недвижности преку геодетската фирма „Геофото зенит инженеринг“, со која Катастарот има склучено договор за овие теренски активности за територијата на општина Кочани. - Целта на прибирањето податоци за улици и куќни броеви е Агенцијата за катастар да воспостави Графички регистар на улици и куќни броеви и со тоа да ја постави основата за формирање Адресен регистар како единствен и авторитативен извор на адреси во Република Северна Македонија, информираа од општина Кочани. Теренското прибирање податоци за улици и куќни броеви ќе опфати просторни и описни податоци за сите улици и објекти, со фотографирање во сите населени места во Кочани. За да бидат жителите на Кочани непосредно, точно и навремено информирани, локалната самоуправа веќе ги извести овластените лица од урбаните и месните заедници. Тие ќе бидат во контакт со населението и ќе ја пренесат информацијата за почетокот и времетраењето на теренските активности за прибирање адресни податоци. та/ир

Остани поврзан