27 ноември 2024
Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе се сретне со шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин. (Собрание, Стар кабинет/15:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/11:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на дијалогот за политики на високо ниво (HLPD) за јавната администрација во Западен Балкан во рамки на Годишната министерска конференција на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) во организација на Министерството за јавна администрација. (х „Холидеј ин“/9:30)
Охрид - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. (13:00, изјава за медиумите/14:00)
Скопје - Министерот за правда Игор Филков и претседателот на Комората на вештаци Виктор Камнар ќе дадат изјави за медиумите. (Министерство за правда/11:00)
Скопје - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ќе се обрати на конференцијата „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“ во организација на Меѓународната организација на трудот. (х.„Мериот“/10:00,изјави за медиумите/10:30)
Скопје - Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началникот на ОВЕ Бобан Милановски ќе се обратат на свечената церемонија по повод 55 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР. (База на Одделот во Центарот за обука во Идризово/11:00, пристигнување на медиумите/10:40, не се предвидени изјави за медиумите)
Охрид - Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи промоција на новиот бизнис подкаст на Бранко Азески и двете бизнис публикации „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“, дела на Азески и проф. д-р Дарко Лазаров. (х.„Unique“/15:00)
Скопје - Јавна презентација на ОБСЕ „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија“ на која ќе се обратат Сузан Пенкса, в.д. шефица на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Весна Бендевска, заменик-претседателка на Собранието на Република Северна Македонија. (х.„Александар Палас“/10:30)
Скопје - Судскиот совет на Северна Македонија ќе ја одржи 506-тата седнница. (10:00)
Скопје - Прес-конференција на Коалицијата ВЛЕН. (ТЦ „Мавровка“, простории на Алтернатива/11:00)
Скопје - Одбележување на Денот на МАНУ. (МАНУ/12:00)
Скопје - Архитектонскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе одржи конференција по повод одбележувањето на големиот јубилеј - 75 години од формирањето на факултетот. (Архитектонски факултет, амфитеатар/12:00, изјава за медиумите/11:30)
Штип - Тркалезна маса на тема „Промовирање на инклузивно покривање на жените за време на избори на онлајн медиумите“ во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). (х.„Оаза“/11:00)
Скопје - Пуштање во употреба на пешачка и велосипедска патека Матка - Шишево во рамки на проектот „Сарај и Лебане заедно за зелениот туризам – Green Tour“, каде ќе присуствува заменик-амбасадорот на ЕУ во Скопје Бен Нупнау. (Кањон Матка, почеток кај главниот пат/12:00)
Скопје - Кампања за садење дрвја „Дрво на пријателството“ во организација на Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) со што ќе бидат посадени над 100 садници во населба Аеродром. (ул. „Владимир Комаров“ бр.6/10:30)
Скопје - „Внатрешниот глас“ - работилница за актери под водство на Лучила Трапацо. (КСП Центар-Јадро/17:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“. (Чифте амам/19:00)
Истанбул - Отворање на изложбата „Љубовници во пандемија“ на сликарката Јана Манева-Чупоска. (Македонски центар во Истанбул/19:00)
Скопје - Слушачка промоција на новиот албум „Крстена вода“ на Крсте Роџевски. (АудиоКултура/20:00)
Тетово - Промоција на делото „Македонска граматика што зближува/Gramatika maqedonase që afron (прв дел/pjesa e parë)“. (Филолошки факултет, Универзитет во Тетово, амфитеатар/13:00)
Скопје - Поетска вечер со добитниците на наградите на Манифестацијата „Антево Перо“. (КИЦ- Скопје, Салон Империјал 2/19:00)
_________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***