• сабота, 28 декември 2024

Николоски за уставни со одложено дејство: Ако сработиме добро со Франција нашите аргументи може лесно да бидат примени

Николоски за уставни со одложено дејство: Ако сработиме добро со Франција нашите аргументи може лесно да бидат примени

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) -  Ако успееме да сработиме добро со Франција и со некои земји од Западна Европа, нашите аргументи може лесно да бидат примени, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за позицијата за уставни измени со одложено дејство.

-По мене, мислам дека е побитен квалитетот на држави од коишто имаме средба отколку борјката. Многу често зборувам на група на држави кои што се спротивставуваат на проширување. И за мене најзначајна средба која што премерот Мицковски ја имал откако е избран, е средбата со претседателот на Франција, Мануел Макрон. Од причина што Франција е сега играч број еден во ЕУ. Макрон е несоменено лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателски избори, влада со која што соработува. Германија допрва влегува во избори. Ќе има најверојанто промена. Дополнително, од премериот сум информиран дека поминала и во еден исклучителено добар тон. Ако успееме да сработиме добро со Франција и со уште неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи може лесно да бидат примени. Затоа што јас стојам на тезата доколку ЕУ сака Македонија да почне преговори, Македонија ќе почне преговори, затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ. Па јас би рекол повеќе дека не само за најслабата туку за најсилните пет-шест. Ова беше едно добро образложение во периодите кога тие не сакаа да се зборува на тема проширување во нивната домашна јавност. Кога тоа би се променило, убеден сум дека еден дипломатски тешкаш од Западна Европа со едно претпладне или едно попладне во Софија, ќе го реши проблемот, рече вечерва Николоски на „Тема на денот“ на Телевизија Сител.

Денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со претседателот на СДСМ Венко Филипче, Николски ја поздрави и оцени како добра работа во насока на градење на здрав дух меѓу политичарите.

-Апсолутно мислам дека е добро. Сиљановска има голем легитимитет, освои огромен број на гласови. Треба да комуницира со сите политички структури во државата. Има средба со најголемата опозициска партија и тоа е во насока на градење на еден здрав дух и здрави односи помеѓу нас како политичари. Така што можам само да го поздравам, рече тој.

Во однос на тоа дали има потреба премиерот да има таква или слична средба во некој лидерски формат, Николоски со одговор дека во тоа не гледа никаква стигма или нешто лошо. Смета дека е здраво да има комуникација помеѓу претседателот на Владата и претседател на најголемата политичка опозициска партија и други политичии партии. 

Околу разговорите со претставници на Бугарија, Николоски нагласи дека ќе чекаат во Софија да има стабилна влада за да разговараат за сите прашања од дијалогот.

-И Бугарија, како и Македонија, е парламентарна демократија каде што претседателите имаат протоколарна или минимална извршна моќ. Извршната може во Владата. Владата е таа која што ги носи одлуките. За жал, Бугарија седум изборни циклуси по ред не може да избере влада. Веројатно ќе одат на осми избори во март. И тоа прави невозможно да се има солидна комуникација. Во моментов таму има техничка влада, тие се луѓе коишто никој не ги избра на избори. Имаа сега избори, можеби овие кои се техничка влада да си формираат политичка партија и да излезат и да видат што мислат граѓаните за нив. Многу е тешко од една страна да имате влада со двотетинско мнозинство во Собранието со огромен изборен легитимитет, а од друга страна која што не претставува никого. И во такви услови е многу тешко да се води било каква форма на дијалог затоа што ниедна страна не може да преземе обврски. Јас се надевам дека ќе формираат влада. Веројатно, во март ќе имаат повторно избори, тоа е одлука на граѓаните на Бугарија. Ние може само да следиме, не можеме ништо да направиме. Не е пријатно да имате сосед којшто четврта година не може да избере влада, но тоа е реалност, рече тој.

Николоски потенцира дека е здраво да имаат силна опозиција. Посочи дека тие се спремни да се натпреваруваат и ќе победат на наредните локални избори.

-За нас е здраво да имаме силна опозиција. За жал, во моментов ние не можеме да дефинираме која е главната опозициона партија, дали е тоа СДСМ, ДУИ или Левица. Горе-долу и на анкети се тука овие три политички структури. Тешко е да „водите политичка битка“ со непознат противник од другата страна и затоа има една ваква конфузија. Секако, СДСМ е традиционалнот противник. Гледам дека се обидуваат да прават одредени промени, но тие промени сутшитнски не се гледаат. Ние сме спремни да се натпреваруваме, и како што го поразивме СДСМ со историски најдобар резултат од опозиција, а тие имаат историски најнизок рзултат со само 18 пратеници. Убеден сум уште повеќе ги поразиме на Локалните избори, рече вицепремиерот Николоски.фф/лв/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан