Николоски: Набавката на автобуси не е на ниво на желба, правиме испитување на пазарот
- -Не е на ниво на желба. Во соработка со Генералниот секретаријат и Владата правиме испитување на пазарот. Ова беше работа која требаше да ја прави ЈСП, но за жал состојба е таква каква што е и тука треба да се корегираат многу закони во насока на одговорност на градоначалниците, рече вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Сител.
Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Министерството за транспорт во соработка со Генералниот секретаријат и Владата прави испитување на пазарот за најавената набавка на електрични автобуси за јавниот градскиот превоз.
-Не е на ниво на желба. Во соработка со Генералниот секретаријат и Владата правиме испитување на пазарот. Ова беше работа која требаше да ја прави ЈСП, но за жал состојба е таква каква што е и тука треба да се корегираат многу закони во насока на одговорност на градоначалниците, рече вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Сител.
Николоски посочи дека ќе се оди со повеќегодишна набавка со цел да не се оптовари Буџетот наеднаш затоа што станува збор за голем износ на средства.
- Идејата е да се плаќа четири години на осум рати, на секои шест месеци. Ќе се набават 120 автобуси и најмалку 50 полначи и на овој начин да се решава сообраќајниот хаос што се случува. Мислам дека ова ќе е чекор напред кон решавање на проблемот, рече Николоски.
Тој соопшти дека деновиве очекува промени и во Агенцијата за пошти за да се провери како се давани лицеци на приватни пошти кои, како што рече, работеле на уништување на нацоналната Пошта.
- Откако го решивме проблемот со платите сега одиме со стабилизација, таму имало доста лоши решенија кои ги менуваме. Паралелно очекувам деновиве промени и во Агенцијата за пошти да провериме како се давани одредени лицеци на приватни пошти кои буквално работат од подрум со цел да ја уништуваат Македонска Пошта и сум убеден дека веќе следната година квалитетот ќе оди многу нагоре и првпат после многу многу години МП ќе искажат добивка. Во однос на централниот објект имаме договор со Делегацијата на ЕУ во Скопје и Министерството за култура и ќе стане многу убав мулти медијален центар во следните две до три години, најави Николоски, коментирајќи го тврдењето што го изнесе неодамна дека претходното раководство планирало да го направи кабаре централниот објект на Пошта. лв/фф/
фото: Принтскрин