• сабота, 09 ноември 2024

Во Кавадарци се реализира проектот „3ајакнување  на  младите  преку  нови  можности  2“ 

Во Кавадарци се реализира проектот „3ајакнување  на  младите  преку  нови  можности  2“ 

Кавадарци, 23 јули 2024 (МИА) - „3ајакнување  на  младите  преку  нови  можности  2“, е насловен проектот што СОС Детско село го спроведува во соработка со општина Кавадарци, со финансиска поддршка од Министерството за економска  соработка  и  развој  на  Сојузна  Република  Германија  и  Фондацијата  Херман  Гмајнер. 

Градоначалникот Митко Јанчев, во своето обраќање пред присутните, рече дека целта на настанот е интеграција и зајакнување на свеста од потребата за згрижување на деца без родителска грижа. 

- На настанот поканети се и претставници на дел од локални фирми, работодавачи, за да бидат клучен фактор за подигање на свеста. Проектот има за цел да зајакне млади, од ранливи категории, да им го олесни пристапот до пазарот на трудот. Во рамки на проектот, за младите се достапни бесплатни обуки, за животни вештини, за вработливост, кариерно советување, појасни Јанчев, додавајќи дека е обезбедена и психосоцијална и финансиска поддршка за посетување на курсеви, посредување при идентификување на можноста за вработување. 

Тој потенцира дека една  од  целите  на  проектот  е  да  придонесе  кон  подобрени  локални  политики  за социо-економска  интеграција  на  младите  во  социјален  ризик. свд/цр

 

Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан