Во Кавадарци асфалтирана улицата ,,Индустриска’’
- Комплетно е асфалтирана улицата ,,Индустриска’’, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 10 јуни 2024 (МИА) - Комплетно е асфалтирана улицата ,,Индустриска’’, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Претходно, јавното претпријатие ,,Комуналец" Кавадарци преку нивна програма постави нова водоводна, фекална и атмосферска канализација. Целиот проект е со финансиска вредност од 10 500 000 денари и вкупна површина од 1.300 квадратни метри. Изведувач на работите е фирмата ,,Градба промет", соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму информираа дека во тек се и подготовки за асфалтирање на улица што ги поврзува двете паркинг места околу спортски центар ,,Јасмин” Кавадарци, со површина од 900 квадратни метри. свд/дма/
Фото:МИА архива