• сабота, 23 ноември 2024

Во Гостивар почна училишната спортска лига со натпреварите во мал фудбал

Во Гостивар почна училишната спортска лига со натпреварите во мал фудбал

Гостивар, 26 октомври 2023 (МИА) – Екипите за мал фудбал од основните училишта во општина Гостивар ги започнаа натпреварите во училишната спортска лига по што најдобрите ќе обезбедат учество на зонските натпревари на училиштата од Тетово, Гостивар и Маврово и Ростуше.

Натпреварите се одигруваат во спортската сала во селото Дебреше и на нив со свои екипи се пријавени ОУ „Прпарими“ од Чегране, ОУ „Форина“ од Форино, „Чајле“ од Чајле, градските училишта „Гоце Делчев“, „Исмаил Ќемали“ „Мустафа Кемал Ататурк“, „Фаик Коница“ од Дебреше и „Лирија“ од Равен.

Вилдан Салиу, претставник на Лигата на училишни спортови од Гостивар напомена дека покрај спортските активности ваквите настани служат и за запознавање и дружење меѓу учениците, вклучувајќи ги и двата пола и сите етникуми.

Овие денови, напомена Салиу, освен во мал фудбал девојчињата и момчињата ќе се натпреваруваат и во ракомет, кошарка, атлетика и одбојка. згм/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан