• недела, 10 ноември 2024

Во Гент 29 европски земји потпишаа Декларација за модернизација на јавната администрација 

Во Гент 29 европски земји потпишаа Декларација за модернизација на јавната администрација 

Брисел, 28 февруари 2024 (МИА) – Претставници на 29 земји од Европа и на Европската унија во белгискиот град Гент потпишаа Декларација со која се обврзуваат за изградба на јавни администрации кои подобро ќе ги отсликуваат нивните општество, ќе имплементираат поголем број политики засновани на податоци и ќе воспостават рамнотежа помеѓу вработените државни службеници и ангажираниот надворешен персонал, соопшти Министерството за јавна администрација на Белгија. 

По повод потпишувањето на „Декларацијата од Гент“, белгиската вицепремиерка и министерка за јавна администрација Петра Де Сутер, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека со ова земјите потписнички постигнаа договор со кој се обврзуваат да градат јавна администрација што мора да работи во интерес на граѓаните. 

- Во суштината на владеењето се правата на граѓаните и наша одговорност е да се грижиме за секој поединец. Во Европа тоа се повеќе од половина милијарда луѓе, додаде Де Сутер, која беше домаќин на церемонијата на потпишување на Декларацијата.  

„Декларацијата од Гент“ ја потпиша министрите задолжени за јавна администрација или нивни претставници од Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Германија, Грција, Естонија, Ирска, Италија, Кипар, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска , Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Шведска и Шпанија, како и еврокомесарите за администрација и буџет Јоханес Хан и за кохезија и реформи Елиса Фереира, во името на ЕУ. 

- Наша цел е да помогнеме во формулирањето политики засновани на веродостојни податоци. Со постојано вклучување на истражувачи и експерти, можеме да развиете подобри политики. Едногласното признавање на овој принцип од страна на сите европски влади претставува значајна пресвртница, истакна Де Сатер, потсетувајќи дека во централните јавни администрации на земјите потписнички на Декларацијата се вработени приближно девет милиони државни службеници.  

Во документот се изразува и подготвеност на земјите потписнички да градат администрации кои подобро ќе ги одразуваат различностите на нивните општества.  

- Во Јавната администрација треба да се отсликува општеството. Но, во моментов во кадровските политики не се следат секогаш тие различности во земјите. Токму тоа го менуваме. Тоа го означува првиот чекор кон подобрување, додаде Де Сатер. сп/

 Фото: МИА Архива

Остани поврзан