• недела, 01 септември 2024

Ван Дајк тренира со тимот на Ливерпул и ќе може да игра со Лидс

Ван Дајк тренира со тимот на Ливерпул и ќе може да игра со Лидс
Ливерпул, 10 септември 2021 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк тренира со тимот по враќањето од Холандија. Според германскиот стручњак, 30-годишниот фудбалер ќе може да учествува на натпреварот од 4. коло во Премиер лигата против Лидс. Ван Дајк претрпе мала повреда во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022 против Турција (6:1), но го доврши натпреварот до крај. Натпреварот Лидс - Ливерпул ќе се игра в недела, 12 септември, со почеток во 17:30 часот. зс/

Остани поврзан