• среда, 25 декември 2024

Британската војска повлекува застарени бродови, хеликоптери и беспилотни летала

Британската војска повлекува застарени бродови, хеликоптери и беспилотни летала

Лондон, 20 ноември 2024 (МИА) - Британската војска повлекува пет застарени воени бродови, како и десетина хеликоптери и десетици беспилотни летала како дел од програмата за мерки за заштеда и намалување на трошоците, објави денеска министерот за одбрана Џон Хили.

Тој им порача на пратениците дека овие мерки може да доведат до заштеда од половина милијарда фунти во следните пет години, објави денеска „Политико“.

Целта на овие мерки е да се олеснат „финансиските притисоци“, иако Хили додаде дека ОК останува посветена на исполнување на целта за трошење 2,5 отсто од БДП за одбрана.

Тој посочи дека повлекувањето на застарената опрема е неопходно бидејќи Британија се свртува кон транзиција кон нови капацитети за да ги подготви своите вооружени сили за иднината. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан