Блинкен телефонски разговараше со бугарската министерка Габриел
- Двајцата вчера разговарале за потребата од континуирана безбедносна помош за Украина од сојузниците и партнерите, како и за тековните напори за диверзификација на изворите на енергија кон почисти, побезбедни набавки и технологии.
![Блинкен телефонски разговараше со бугарската министерка Габриел](https://new.mia.mk/index.php/images/20230809095852_big_730x400_63.webp )
Вашингтон, 9 август 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен остварил телефонски разговор со бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел и и честитал за назначувањето на оваа функција, објави американскиот Стејт департмент на својата веб-страница.
Двајцата вчера разговарале за потребата од континуирана безбедносна помош за Украина од сојузниците и партнерите, како и за тековните напори за диверзификација на изворите на енергија кон почисти, побезбедни набавки и технологии.
Ентони Блинкен и Марија Габриел, исто така, ја истакнале важноста од проширувањето на Европската унија за да се обезбеди стабилност и просперитет во регионот. мс/