• сабота, 09 ноември 2024

Биљал Касами го чека Изет Меџити да формира партија за поширок опозициски блок

Биљал Касами го чека Изет Меџити да формира партија за поширок опозициски блок

Тетово, 21 јули 2023 (МИА) - Претседателот на Движењето „Беса“, Биљал Касами најави дека ќе соработува во поширок опозициски блок и со Изет Меџити, кого го чека да формира партија. Според Касами, можно е опозиционерите да имаат заедничка листа.

- Имаме изјава за идна соработка со Алтернатива, имаме добри контакти со Изет Меџити. Се надеваме дека брзо ќе ја формализира партијата и ќе седнеме со неговото движење или партија, како ќе биде формализирана, да се договориме. Ние повикувам и другите незадоволни групации, дел од Владата и во опозиција да ни се приклучат, затоа што цениме дека и во албанскиот дел е дојдено време после 20 години, да кажам, монистичко владеење на ДУИ, да има промена на власта и да дојдат тие кои ќе работат во интерес на граѓаните. Да, би настапиле со заедничка листа и со заеднички пристап и учество во следната Влада, изјави Касами од Тетово, каде како градоначалник пушти во употреба реконструирана улица.

На новинарско прашање околу учество на опозицијата во Државната изборна комисија, Касами рече дека се во комуникација со сите опозициски партии, за да предложат нов член и во следниот период ќе имаат решение и за тоа. ас/вг/

 
фото: МИА 

Остани поврзан