• вторник, 12 ноември 2024

Бислими: Србија сака со „Заедницата“ да внесе Тројански коњ во Косово – доказ е нон-пејперот на САНУ

Бислими: Србија сака со „Заедницата“ да внесе Тројански коњ во Косово – доказ е нон-пејперот на САНУ

Приштина, 8 јуни 2023 (МИА) – Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во дијалогот со Србија, Бесник Бислими вели дека барањата на Белград за формирање Заедница на општини со мнозинство Срби во Косово (ЗСО) немаат за цел интегрирање на локалните Срби во државата, туку внесување „Тројански коњ“ во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговиот Твитер, Бислими ги поткрепи своите тврдења со наводен „нон пејпер“, кој неодамна бил драфтуван од Српската академија на науките и уметностите „САНУ“.

- Косово постојано ѝ укажува на меѓународната заедница за вистинските причини поради кои Србија инсистира на формирањето на ЗСО. ЗСО никогаш немала за цел да ги интегрира локалните Срби во државата, туку да биде „Тројански коњ“ на Белград со цел да ја направи државата нефункционална и да подготви можност за поделба. Последниот „нон-пејпер“ драфтуван од САНУ (од Василије Крестиќ, редовен член) ги нуди најсилните докази досега за вистинските намери на Србија зад инсистирањата за ЗСО во Косово, напиша Бислими.

Цитирајќи неколку точки од споменатиот „нон-пејпер“, Бислими вели дека во него може да се види дека вистинската намера на Белград со инсистирањето за формирање на ЗСО „претставува значаен чекор кон постигнувањето на целта за ‘српски свет‘, кој коинцидира со територијата на поранешна Југославија“.

- Почетниот дизајн на ЗСО не е релевантен, затоа што надлежностите ќе еволуираат и ќе се експлоатираат поради финансиската помош од Белград и релативниот недостиг на надзор од владата на Косово. Тие надлежности ќе водат кон една нова Република Српска, а со намера да се дојде до територијална поделба меѓу албанските и српските територии, вели Бислими.

Според косовскиот вицепремиер, таквиот развој на настаните, по формирањето на Заедницата на српски општини, во понатамошна фаза „ќе ја принуди меѓународната заедница да признае два национални ентитети во Косово и апсолутна (српска) автономија во ЗСО.

Бислими пренесува дел од наводниот „нон-пејпер“ на САНУ со, според него, вистинските мотиви кои стојат зад инсистирањата на Србија за формирање на ЗСО.

- Во актуелните околности, крајната цел, „Српскиот свет“, не може да се реализира само со политички средства. Треба да се искористат и другите средства, вклучително верските механизми со потенцијал за политичко влијание во соседните земји во кои дејствува Српската православна црква. Затоа, основањето на Заедницата треба да биде клучен императив за српските политичари, нудејќи едно јадро на вековната цел за обединување на српската нација, ги пренесува Бислими пораките од наводниот документ на САНУ. иа/ссм/

Остани поврзан