Бизнисот бара поддршка од државата во хотелиерството
- -Оваа година имавме добар прилив во Струга и Охрид. Треба да се делува во тој дел, во туризмот, посебно во хотелиерството, да се зголеми капацитетот во Струга и Охрид, рече претседателот на СКСЗМ, Менди Ќира по денешниот работен состанок со министерот за економија Крешник Бектеши.
Скопје, 29 август 2023 (МИА) - Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) бара државата да му помогне на туризмот, посебно во делот на хотелиерството.
-Оваа година имавме добар прилив во Струга и Охрид. Треба да се делува во тој дел, во туризмот, посебно во хотелиерството, да се зголеми капацитетот во Струга и Охрид, рече претседателот на СКСЗМ, Менди Ќира по денешниот работен состанок со министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што истакна Ќира, проблемите во стопанството се големи, но заеднички, во соработка со Владата, полесно може да се решат.
На состанокот стана збор и за мерките што ги презема Владата за поддршка на бизнис секторот, за продлабочување на соработката во делот на крерирањето политики за подобрување на бизнис климата, како и за животниот стандард на граѓаните.
-Со раководството на СКСЗМ разговаравме на повеќе теми кои се од важност за поддршка и развој на бизнисот. Рзговаравме за новите измените на Законот за индустриски зони кои што се подготвуваат во делот на индустриските зони кои се во надлежност на општините. Една од темите за кои разговаравме беше вклучување и на други сектори кои ќе бидат опфатени со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како и за новиот механизам кој го подготвуваме во делот на скрининг на странските и домашните инвеститори во делот на безбедноста. Откако стапи на сила новиот Закон за заштита на потрошувачите, со раководството на Комората разговаравме и за вопсоставување на новите антимонополски регулативи и механизми за заштита и на потрошувачите и на компаниите на кои во моментот работи Министерството за економија, рече министерот Бектеши.
Бектеши информира и дека Министерсвото за економија од бизнисот очекува конкретни предлози за измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
-Очекуваме конкретни предлози од страна на СКЗСМ во делот на измена на Законот каде што би можело да се вклучат и други сектори, како хотелиерството, имајќи предвид дека имавме успешна туристичка сезона посебно во делот на Струга и Охрид и потребите кои се поголеми од тоа што го имаме ние како можност и што им го нудиме на странските или домашните туристи, истакна Бектеши.
На состанокот присуствуваа и Дурим Зекири, ивршен директор на СКСЗМ, како и потпретседателите на Комората, Нухи Алиу, Јетон Асани, Шпресим Таири и Ќаније Селими и Џемаил Даути, почесен претседател на СКСЗМ. мч/са/
фото: Министерство за економија