• сабота, 09 ноември 2024

Ахмети апелира да нема партиски вработувања

Ахмети апелира да нема партиски вработувања

Скопје, 17 јануари 2023 (МИА) – Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во изјава за медиумите рече дека се согласува оти не треба да има партиски вработувања и оти треба да се почитуваат професионалните вештини и квалификации на лицата.

– Во принцип се согласувам дека така не треба да се случуваат работите. Треба да има меритократија, да се почитуваат професионалните вештини и квалификации. Но, треба да имаме предвид дека способните кадри, луѓето со знаења ни бегаат од државата за подобри плати во Европа и тоа е нешто што најмногу ме загрижува, рече Ахмети на настанот по повод одбележувањето на годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег.

На новинарско прашање што тој презема за да ги спречи директорите на јавните институции да не вработуваат партиски кадри, Ахмети рече дека тоа е определба за која мора секој ден да се апелира до директорите, до извршната власт, за да се почитува меритократијата. фф/ац/

Остани поврзан