• сабота, 27 јули 2024

Анкета: Две третини од демократите сметаат дека Бајден треба да се повлече од трката за реизбор

Анкета: Две третини од демократите сметаат дека Бајден треба да се повлече од трката за реизбор

Вашингтон, 17 јули 2024 (МИА) - Речиси две третини од демократските гласачи во САД веруваат дека претседателот Џо Бајден треба да се повлече од трката за реизбор и да дозволи на неговата партија да номинира друг кандидат, според новата анкета на Центарот за истражување на јавните односи AP-NORC.

Истражувањето, исто така, покажа дека само тројца од десет демократи се крајно или многу сигурни дека Бајден има ментален капацитет ефективно да служи како претседател.

Афроамериканските демократи се меѓу најсилните поддржувачи на Бајден, при што приближно половина од анкетираните велат дека претседателот треба да ја продолжи трката, во споредба со околу три од десет белци и латино демократи, покажува анкетата. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан