• среда, 25 декември 2024

Албанезе: Цинична и сурова е одлуката на Израел за четиричасовни паузи

Албанезе: Цинична и сурова е одлуката на Израел за четиричасовни паузи

Аделаида, 10 ноември 2023 (МИА) - Известувачот на Обединетите нации за палестинските територии, Франческа Албанезе, денеска изјави дека одлуката на Израел да дозволи секодјдневна четиричасовна хуманитарна пауза во северниот дел на Појасот Газа е „многу цинична и сурова.“

-Значи, четиричасовен прекин на огнот, за луѓето да можат да дишат и да се сетат како е животот без бомбардирање пред да почнеме повторно да ги бомбардираме. Тоа е многу цинично и сурово, изјави Албанезе во Аделаида, Австралија, пренесуваат американските медиуми.

Таа додаде дека секој ден врз Појасот Газа се фрлаат 6.000 бомби и дека тоа е „мало парче земја каде што луѓето се заробени, а уништувањето е огромно“.

-Нема да има враќање на луѓето по тоа што Израел го направи со Појасот Газа, кажа известувачката на ОН.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, вчера најави дека Израел секојдневно ќе спроведува четиричасовни паузи во борбите во одредени области на северот на Појасот Газа.

Кирби кажа дека најавите за паузи ќе бидат објавени три часа пред нивниот почеток и дека е од клучно значење хуманитарните резерви и помошта да се прошират во областите каде што луѓето бегаат. сд/

фолто:МИА архива

Остани поврзан