• вторник, 26 ноември 2024

„Ако одиш подобро убиј ме“ - моќна љубовна приказна од Ѓоко Јовиќ

„Ако одиш подобро убиј ме“ - моќна љубовна приказна од Ѓоко Јовиќ

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Популарниот македонски пејач од музичкиот состав „Енерџи бенд“, Ѓоко Јовиќ ги почести своите обожаватели со љубовна балада којашто уште при првото слушање предизвикува бура од емоции, соопшти нивната продукција.

Песната е насловена „Ако одиш“ и е четврта по ред песна што Ѓоко ја објавува годинава. На музиката и аранжманот свој потпис стави Лазар Цветкоски, а текстот е дело на неговата сестра, Магдалена Цветкоска. Спотот е снимен на повеќе места, во продукција на „М16“ при турнејата на Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“ во Австралија.

- Само неколку часа по објавувањето на спотот веќе добив бројни пораки и драго ми е што уште на стартот публиката може да ја почувствува енергијата и целата емоција којашто ја носи истата. Посветена ми е, се чувствува дека пејам од срце и мислам дека многумина ќе се пронајдат во неа. Оставам простор да стигне до секого, но еве ќе најавам, очекувајте многу музика од мене, без разлика на бројните настапи и напорните турнеи, мојата публика заслужува нови песни. Бескрајно сум благодарен за целата поддршка која ја имам, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.

Како потсетување, претходно јавноста ги слушна песните „Магија“, „Незаборавна“, како и народната „За четири наши дечиња“ со што пејачот покажа дека успешно „плива“ во повеќе жанрови и знае на вистински начин да ги донесе до публиката, соопшти продукцијата.  си/

Фото: Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан