Насковски: Криминална група сака да го избрише четвртиот независен синдикат на професионални војници
- Направен е четвртиот фалсификат од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со цел да се избрише четвртиот Синдикат во Армијата и да се припои кон третиот, обвини денеска на прес-конференција Александар Насковски, претседател на Независен синдикат на професионални војници.
Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) – Направен е четвртиот фалсификат од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со цел да се избрише четвртиот Синдикат во Армијата и да се припои кон третиот, обвини денеска на прес-конференција Александар Насковски, претседател на Независен синдикат на професионални војници.
-Поради направениот четврти фалсификат од една година врз Синдикатот на една криминална група, која направи хаос во министерството и во министерството за одбрана. Повторно како во ноември 2023 година го сменија овластеното лице на Синдикатот, но сега една година подоцна повторно го направија истиот криминал. И покрај сите апели дека се спроведува системско и незаконско уништување на Синдикатот, ниту една институција не реагираше досега, ниту Министерството за внатрешни работи, ниту обвинителството, рече Насковски на прес-конфереција пред Министерството за социјална политика.
Тој тврди дека од страна на министерот за социјална политика, демографија и млади потпишан е четврти фалсификат, а втор во рок од три месеци.
- Криминалната група овие незаконски дела ги најавува на социјалните мрежи, ги реализира преку оваа институција и потоа се фалат што направиле. Ова е невиден срам што се случува пред нашите очи. Оваа криминална група има цел да го избриши четвртиот синдикат во Армијата од регистерот и да го спои со третиот Синдикат во Армијата. Тоа го напишале на хартија, го доставиле до оваа институција и го спроведуваат. Јас, лично нема да поткленам на нивните закани, кон мене и кон најавата за петти и шестти фалсификат, кои планираат да го направат, изјави Насковски.
Побара премиерот, Христијан Мицкоски да го повика на одговорност министерот за социјална политика, демографија и млади, бидејќи, како што рече, „во Министерството за социјална политика, демографија и млади има корупција и се постапува незаконски“.
Тој истакна дека синдикатот и професионалните војници нема да дозволат „некој да го избрише Синдикатот и да се спречи борбата на професионалните војници“.
- Како капак на ова се врши крадење на чланарината на професионалните војници и цела година бришење и уништување на Синдикатот спротивно на волјата и на нивните потпишани изјави. Тоа нема да го дозволиме. Професионалните војници се дискриминирани и без право на пензионирање и 25 години работат на определено време, вели Насковски.
Пред да се одржи денешната прес-конференција, Насковски информираше дека како Синдикат имал и состанок со министерот за одбрана, а којшто ветил дека за нивните барања ќе седнат да разговараат.
-За неисплатената закупнина и јубилејна награда, прекувремени часови, дневници, хранарината, патните трошоци и другите додатоци на војниците ќе се исплатат во најбрз рок, за да се стимулираат професионалните војници и се исплатат тоа што државата им го должи, вели Насковски.
Најави и дека веќе ја пишуваат четвртата кривична пријава против групата која што сака да го избрише четвртиот Независен синдикат на професионални војници. вдј/лв/
Фото: МИА