Куманово ги повика фирмите да платат комунална такса за назив на деловна просторија
- Општина Куманово денеска ги повика обврзниците на комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија, да се јават во одделението за утврдување и наплата на данок на имот, наплата на даноци, такси и други надоместоци при Сектор за даноци и такси Општина Куманово, за да го подигнат решението за комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија за 2024 година во рок од десет дена од денот на објавување на оваа објава, информираа од секторот.
Куманово, 26 ноември 2024 (МИА) - Општина Куманово денеска ги повика обврзниците на комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија, да се јават во одделението за утврдување и наплата на данок на имот, наплата на даноци, такси и други надоместоци при Сектор за даноци и такси Општина Куманово, за да го подигнат решението за комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија за 2024 година во рок од десет дена од денот на објавување на оваа објава, информираа од секторот.
-Списокот со недоставени решенија е објавен на огласната табла во просториите на Општина Куманово, како и на официјалната веб страна https://kumanovo.gov.mk/.Јавната објава ќе се изврши во службено гласило на Општина Куманово и во дневни весници. Со оваа објава се предупредуваат даночните обврзници дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат/произлезат со неподигнувањето на решенијата ќе ги сносат самите даночни обврзници, нагласуваат од општината.ам/сст/
Фото: МИА