АВМУ: Осуда на нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести
- СООПШТЕНИЕ - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален напад на новинарка и снимател од ТВ 24 Вести од непознато лице, за време на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ.
Скопје, 5 април 2024
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален напад на новинарка и снимател од ТВ 24 Вести од непознато лице, за време на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ.
Агенцијата веќе неколкупати досега, реагираше за ваквите случаи и повторно потсетува дека напад врз новинарите од кој било вид е апсолутно неприфатлив и дека новинарските работници не смеат да бидат попречувани во вршењето на нивните професионални задачи.
Воедно, безбедноста на новинарите не смее да биде загрозена во ниту еден момент ниту пак правото на граѓаните да бидат информирани, особено за важни општествено - политички случувања како што се изборите.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.