• Friday, 18 October 2024

ЦДЦ: Смртните случаи во Африка од Мпокс се веќе над 1.000

ЦДЦ: Смртните случаи во Африка од Мпокс се веќе над 1.000

Јоханесбург, 17 октомври 2024 (МИА) - Околу 1.100 луѓе ширум Африка починале од Мпокс, соопшти денеска здравствената агенција на Африканската унија, предупредувајќи дека епидемијата „излегува од контрола“.

Севкупно, 42.000 случаи се регистрирани во Африка од јануари, соопшти Центрите за контрола и превенција на болести (Африка ЦДЦ), со случаи пријавени за првпат во Замбија и Зимбабве.

Вкупно - во 18 држави на африканскиот континент се регистрирани Мпокс, се вели во извештајот.

„Мпокс излегува од контрола ако не дејствуваме“, рече шефот на ЦДЦ за Африка, Жан Касеја на онлајн брифинг.

„Многу сум тажен што можам да кажам дека за 40 недели - имаме повеќе од 1.100 смртни случаи од Мпокс“.

Поголемиот дел од смртните случаи се во Демократска Република Конго, епицентарот на епидемијата, каде започна акција за вакцинација претходно овој месец.

Касеја додаде дека низ целиот континент има „се повеќе нови случаи од недела во недела“. зш/