• Sunday, 20 October 2024

Израелската војска уби двајца милитанти кои влегле од Јордан

Израелската војска уби двајца милитанти кои влегле од Јордан

Тел Авив, 18 октомври 2024 (МИА) - Израелската војска денеска соопшти дека при судири јужно од Мртвото Море убила двајца вооружени напаѓачи кои влегле во Израел од Јордан.

Потрагата по можен трет вооружен напаѓач кој избегал е во тек, додаде војската, јави ДПА.

„Тајмс оф Израел“ објави дека двајца Израелци се лесно повредени во судирите.

Населението во областа е повикано да ги следи инструкциите на безбедносните сили, но првично не беше јасно какви се тие инструкции.

Извештајот на војската за инцидентот не можеше да се потврди од независни извори.

Терористичките напади врз Израел од Јордан се релативно ретки бидејќи двете земји имаат потпишано мировен договор, потсетува германската новинска агенција ДПА. ссм/

фото: архива