• Saturday, 19 October 2024

Тененти: УНИФИЛ нема да се повлече од Либан, иако Израел бара преместување

Тененти: УНИФИЛ нема да се повлече од Либан, иако Израел бара преместување

Бејрут, 18 октомври 2024 (МИА) - Портпаролот на мировната мисија УНИФИЛ, Андреа Тененти, денеска изјави дека мисијата, која брои 10.000 луѓе, ќе остане во Либан и покрај неколкуте директни напади од страна на израелските сили во последните денови, кои ги опиша како намерни.

- Мораме да останеме, побараа од нас да се преместиме. Пустошењето и уништувањето на многу села долж Сината линија, па дури и подалеку, е шокантно, рече Тененти преку видео врска од Бејрут.

На прашањето за вчерашното соборување на дрон во близина на брод на УНИФИЛ кај либанскиот брег, тој изјави дека дронот доаѓал од југ, но кружел околу бродот и се приближил многу блиску, на само неколку метри од бродот.

Израел побара УНИФИЛ да ги напушти своите позиции во јужен Либан за да може, како што наведе, да ги елиминира припадниците на либанската милитантна група Хезболах во тој регион, близу до израелската граница.

Петмина припадници на УНИФИЛ се повредени во последните денови во три одделни израелски напади во јужен Либан. ссм/

фото: архива