• Sunday, 20 October 2024

Фидан: Израел се обидува да го вовлече Иран во војна

Фидан: Израел се обидува да го вовлече Иран во војна

Анкара, 19 октомври 2024 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, на денешната средба со иранскиот колега Абас Арагчи, истакна дека „агресивниот став на Израел“ го принуди Иран да „преземе легитимни мерки“ како одговор.

- Нетанјаху постојано отвора нови фронтови во регионот … Опасноста војната да се прошири на цел регион не треба да биде потценета … Израел се обидува да го вовлече Иран во војна, истакна Фидан на заедничката прес-конференција со Арагчи во Истанбул.

Додека Арагчи го осуди „израелскиот режим (кој) не познава граници во воените злосторства што ги прави“.

Тој потенцира дека Техеран „поддржува постојан и непосреден прекин на огнот во Газа и во Либан“.

Во Истанбул вчера Арагчи учествуваше на состанокот „за Кавказ“ со министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азербејџан, под покровителство на турското Министерство за надворешни работи. Сите тие министри имаа кратка средба и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. ми/

фото: Икс