• Sunday, 20 October 2024

Нетанјаху: Сојузниците на Иран направија грешка за која ќе зажалат

Нетанјаху: Сојузниците на Иран направија грешка за која ќе зажалат

Тел Авив, 19 октомври 2024 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска ги обвини „сојузниците на Иран“ дека се обиделе да го убијат него и сопругата откако дрон ја погоди неговата приватна резиденција во централниот дел на земјата.

- Иранските сојузници денеска се обидоа да ме убијат мене и мојата сопруга, направија грешка за која ќе зажалат. Им кажувам на Иранците и нивните партнери од оската на злото дека секој што ќе му наштети на граѓаните на државата Израел за тоа ќе плати висока цена, посочи Нетанјаху.

И шефот на израелската дипломатија, Израел Кац истакна дека со денешниот напад врз резиденцијата на Нетанјаху, Иран го покажал правото лице.

- Сојузниците на Иран, кои денеска се обидоа да го убијат премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговото семејство уште еднаш го покажаа вистинското лице на Иран и оската на злото што тој ја води, посочи Кац.

Дрон лансиран од Либан денеска ја погоди резиденцијата на Нетанјаху во израелскиот град Цезареја. Во инцидентот никој не е повреден. ми/

фото: МИА архива