• Sunday, 20 October 2024

Сирени се огласија во Киев додека Украина известува за голем напад со руски дронови

Сирени се огласија во Киев додека Украина известува за голем напад со руски дронови

Киев, 18 октомври 2024 (МИА) - Украина денеска соопшти дека одбила голем напад со руски беспилотни летала во текот на ноќта.

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека од вчера вечерта биле откриени 135 руски беспилотни летала, од кои 80 биле соборени.

Околу 10 сè уште биле во воздухот над централна Украина, додека 44 исчезнале од радарите, а двајца наводно влегле во белорускиот воздушен простор.

Сирените се слушаа во главниот град Киев повеќе од четири часа во текот на ноќта, но властите не пријавија штета или повредени.

Украина повеќе од две и пол години се брани од руската инвазија. мс/

фото: МИА архива