Пожарникарите пристигнале во „Пулс“ пет минути по дојавата за пожар, имало многу заглавени лица и веднаш почнале да ги извлекуваат
- Противпожарниот тим дојавата за пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја примил во 2.35 часот, а пожарот бил изгаснат околу 4 часот. Пожарникарот Благој Паунов, кој со уште еден колега пристигнал како прво противпожарно возило, на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше дека кога пристигнале на местото на настанот пет минути по дојавата, имало многу заглавени лица и само малку чад како излегува над влезната врата и не можеле да го видат огнот по што, во согласност со процедурата, почнале да ги извлекуваат нагласувајќи дека работеле во мешани тимови од пожарникари, полицајци, обезбедување и цивили, бидејќи секој сам ништо не можел да направи, а за извлекување едно лице биле потребни најмалку двајца или тројца.
You need to login to view this page en