Филипче: Ја поддржуваме иницијативата за намалување на функционерските плати
- - Ја поддржуваме иницијативата, се дебатира на темата, која на синдикатите и на работниците им создава немир, и јас ги разбирам, треба да дебатираме на темата. Апсолутно поддржуваме иницијатива, јас лично и целата пратеничка група, и тоа нека биде јасно дека е партиски став - ние сме за намалување на функционерските плати. Затоа што и тука го врзувам одговорот со следното прашање: не може одредени категории граѓани да имаат немир и да имаат проблеми. Улогата на Владата е да им излезе во пресрет на сите, рече Филипче.
Скопје, 5 февруари 2026 (МИА) - Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека ја поддржува иницијативата што вчера до Собранието ја поднесе Сојузот на синдикатите за намалување на функционерските плати.
- Ја поддржуваме иницијативата, се дебатира на темата, која на синдикатите и на работниците им создава немир, и јас ги разбирам, треба да дебатираме на темата. Апсолутно поддржуваме иницијатива, јас лично и целата пратеничка група, и тоа нека биде јасно дека е партиски став - ние сме за намалување на функционерските плати. Затоа што и тука го врзувам одговорот со следното прашање: не може одредени категории граѓани да имаат немир и да имаат проблеми. Улогата на Владата е да им излезе во пресрет на сите - рече Филипче.
Во однос на протестите на одредени групи граѓани за одземање возила без возачка дозвола, рече дека прекршувањето на законот не смее да се толерира, меѓутоа мора да се разговара со луѓето, да се види кои се проблемите и да им се понудат решенија за да може системот да функционира. Тој демантира дека СДСМ стои зад организирањето на овие протести истакнувајќи оти за нив разбрал од медиумите.
На новинарско прашање за позицијата на земјата во однос на ЕУ и дека е зголемена поддршката за влез во ЕУ, но дека мал број граѓани се за промена на Уставот, рече оти е сигурен дека ќе помине некое време во кое ќе бидеме среќни што сме го имале францускиот предлог на маса и оти ќе ни биде жал што не сме го прифаиле она што е понудено од ЕУ.
- Тоа што само 11 проценти од граѓаните ги прифаќаат уставните измени, за мене е еден од сигналите дека навистина се информирани во огромен процент, за жал, од центри за информација што шират лажни вести. Кога ќе ја прашате и власта, никој нема против уставните измени сами по себе, никој нема против Бугарите во Уставот, стравувањата се дека потоа, откога ќе се отворат поглавјата, ние повторно можеме да се соочиме со некои непринцпиелни барања, кои задираат во нашите идентитетски определби, и на тој начин да имаме проблем. Тоа никој не го прифаќа, тоа и ние не го прифаќаме. Затоа јас ја дадов предлог-резолуцијата за која, за жал, ниедна партија досега не одговори - рече тој.
Потсети дека таму било наведено оти треба да се обединиме за нашите црвени линии и за она што ние не преговараме, а оти немаат проблем да има уставните измени бидејќи тогаш ќе се отворат поглавјата и оти тогаш ќе почне вистинското реформирање на законите, а најважно, како што рече, ќе се отворат европските фондови, од кои бенефит ќе имаат граѓаните.
- Ако повторно се соочиме и тогаш со ситуација на блокада, повторно имаме механизми да разговараме, ние сме се договориле дека за тоа не дебатираме, за нашите идентетски одредници, кои и сега никако не се загрозени - рече тој.
Според него, не се само уставните измени во францускиот предлог-услов, туку еден од чекорите што треба да се направи е отворање на досиејата на тајните служби посочувајќи дека тоа го направиле сите поранешни социјалистички земји пред да се приклучат кон ЕУ. нд/са/
Фото: СДСМ