Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
- Украина ја прифати понудата на Европска Унија за техничка помош и финансирање за враќање на снабдувањето преку оштетениот нафтовод „Дружба“, но исто така нагласи дека ќе бидат потребни недели за да продолжи снабдувањето со руска нафта на Унгарија и Словачка, наведе украинскиот претседател Володимир Зеленски во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта
- Post By Марина Илиевска
- 19:47, 17 March, 2026
Киев, 17 март 2026 (МИА) – Украина ја прифати понудата на Европска Унија за техничка помош и финансирање за враќање на снабдувањето преку оштетениот нафтовод „Дружба“, но исто така нагласи дека ќе бидат потребни недели за да продолжи снабдувањето со руска нафта на Унгарија и Словачка, наведе украинскиот претседател Володимир Зеленски во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Зеленски во писмото истакнува дека ремонтот на нафтоводот „Дружба“ е во завршна фаза и се очекува пумпната станица да почне со работа за 1,5 месец, ако „нема понатамошни напади од страна на Русија“.
- Снабдувањето со руска нафта на Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“ е прекинато од крајот на јануари откако Киев соопшти дека при руски напад со дрон е оштетен нафтоводот во западна Украина.
Унгарија и Словачка ја обвинуваат Украина дека намерно го пролонгира ремонтот на нафтоводот „Дружба“ за одложување на продолжувањето на снабдувањето со нафта. Зеленски во писмото ги негира тврдењата на Будимпешта и Братислава. ми/ссм/
фото: ЕПА