• Friday, 20 March 2026

Антивоен протест на студентите во Атина

Антивоен протест на студентите во Атина

Атина, 19 март 2026 (МИА) – Под слоганите „Не за вмешување на Грција во војната“ и „Да се затворат сите воени бази“ студентите во Атина, организирани од нивните здруженија денеска одржаа мирен антивоен протест во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.

Студентите маршираа низ улиците во Атина се до плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент, каде што на улицата ги испишаа токму пораките под кои се одржа денешниот протест.

Паралелно, како што, посочија, преку протестот изразија солидарност за народите од Блискиот Исток. ср/мс/

Фото: МИА