• Friday, 20 March 2026

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток и нуди европска помош

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток и нуди европска помош

Брисел, 19 март 2026 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на деескалација на тензиите на Блискиот Исток, нагласувајќи дека сигналите од американскиот претседател Доналд Трамп укажуваат на можноста за прекин на борбените операции во Иран.

„Исклучително сум благодарен што американскиот претседател синоќа испрати сигнал дека е подготвен да ги прекине непријателствата. Сепак, ова претпоставува дека Иран ќе ја напушти својата нуклеарна програма, ќе го прекине тероризмот и ќе биде подготвен да се вклучи во разговори. Ако сето ова е можно во наредните денови, тогаш се движиме во вистинската насока“, изјави Мерц пред новинарите пред самитот на Европската унија во Брисел.

Тој исто така рече дека вистинското прашање е како Европа може да се наметне во овој сè попредизвикувачки свет и да обезбеди дека можеме да го одржиме темпото, како во однос на одбранбените способности, така и во однос на снабдувањето со енергија.

„И сето ова е можно само со силна економија. Затоа денес мора да постигнеме значителен напредок. Убеден сум дека ќе успееме“, рече Мерц.

Тој додаде дека мора да се разговара и за цените на енергијата, бидејќи утрово имаше нагло зголемување на цените низ Европа и светот.

„Ова, секако, првенствено се должи на случувањата на Блискиот Исток. Сакам да испратам јасен сигнал дека сме подготвени да помогнеме. Но, за да се случи тоа, непријателствата мора да престанат“, рече германскиот канцелар. мс/

фото: ДПА