• e martë, 24 dhjetor 2024

Се реконструира улицата до штипската филтер станица

Се реконструира улицата до штипската филтер станица

Штип, 23 декември 2024 (МИА) - Започнаа градежните активности за асфлатирање на улицата „Крушевска Република“ во штипската населба Баби. Станува збор за улицата, која што води до Филтер станицата за преработка на водата за пиење. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција изјави дека претходно на ова улица се изврши и уредување на тротоарски површини.

-Денеска се работи на улицата „Крушевска Република“ во населба Баби овде ќе се нанесува асфалтна маса на истата улица, а претходно се вршеше уредување на тртоарските површини.  Потребата за реконструкција е заради амортизирање на улицата низ годините наназад и заради промената на главната водоводна линија, која што ја поврза населба Баби со нова водоводна мрежа практично и дирекно од филтер станицата, изјави Јорданов.

Тој додаде дека оваа недела привршуваат активностите, кои што се предвидени согласно буџетот за 2024, така да во текот на  неделата ќе се работи и на уште неколку улици.

За рехабилитација и реконструкција за оваа улица од буџетот на општината се издвоени повеќе од еден милион денари. вдј/аа/

Фото: МИА 

QËNDRONI TË LIDHUR