• e mërkurë, 25 dhjetor 2024

Расправа за Предлог-буџетот на Град Скопје за 2025 година

Расправа за Предлог-буџетот на Град Скопје за 2025 година

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Советот на Град Скопје расправа по Предлог-буџетот на Град Скопје за 2025 година. За предлог-буџетот беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, а по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска дел од амандманите беа самостојно повлечени од предлагачите, а дел одбиени поради технички неправилности. 

Предложениот Буџет на Град Скопје  изнесува 140 милиони евра.

На дневниот ред за денешната седница на Советот има околу 40 точки. Меѓу последните на дневиот рд е и точката со која се бара цената по изминат километар на приватните превозници да се зголеми за 20 денари.фф/лв/

Фото: Принтскрин од видео

 

QËNDRONI TË LIDHUR